Музичарот Ѓорѓе Давид завршил глума на Факултет за драмски уметности во Белград, а како што кажува виновник за тоа бил неговиот покоен татко.

- Таткоми Василие ме однесе на 10 години во драмска секција која ја имаше радио телевизија Београд, и тогаш прв пат го видов Буле Гончиќ, Сања Савиќ и други – рекол Давид во една емисја, пишува “Гранд онлајн“

Давид признал дека немал намера да се занимава со уметничка работа, но на тој пат го одвела голема трагедија во живото, кога таткому настрадал.

- Мојот татко беше член на сојуз на комунисти, и додека сите гледале да забодат некоја пара и викендици него тоа не го интересираше. Тој беше таен советник во кабинетот на Тито – раскажал пејачот а потоа се сетил на немил настан каде што бил учесник.

- Беше во прашање политичка местенка, изрежирана. Тој и јас бевме во кола, мени ни влакно не ми фалеше а тој остана на место мртов. Тој остана за мене авторитет во мојата глава. После тоа страшно се променив, бидејќи мојот херој беше поразен. Немав ни 15 години и тоа се работи кои кај младиот човек прават голем лом во глава – рекол Ѓорѓе и додал зошто одбил да оди по стапките на таткому.

- Барав да се занимавам со нешто што дава слобода, а тоа е уметноста.