Фудбалерот на Тотенхем Хари Винкс постигна прекрасен погодок на мечот против Лудогорец во Лигата на Европа. Англискиот фудбалер погоди од огромна далечина за водство на „спарс“ со 3:0. Голманот на бугарскиот првак се посрамоти во оваа ситуација. Тотенхем потоа поведе и со 4:0 и го доби мечот.