Одличен натпревар се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде што домашниот Интер, се врати од негатива од 0:2 против Торино, и триумфираше со 4:2.

Работите за Интер не изгледаа добро до 62. минута кога Торино поведе со 0:2. Сепак, само некој момент подоцна гол на Санчез за намалување на водството, а потоа и гол на Лукаку за 2:2. Потоа од пенал Лукаку носи водство, а двојниот стрелец подоцна асистира до Лаутаро Мартинез, за 4:2.

 

Рома триумфираше против Парма. Мхитарјан постигна два гола, а првиот беше спектакуларен и можете да го погледнете низ следното видео.

Од другите натревари, Болоња ја совлада Сампдорија како гостин со 1:2, а Сасуоло ги освои бодовите од гостувањето кај Верона победувајќи со 0:2.

Во првиот меч денеска, Беневенто го совлада тимот на Фиорентина со 0:1.