Цврсто, борбено, неизвесно до самиот крај. Како што и се очекуваше, мина пресметката во Струга, меѓу домашниот тим Струга Трим Лум и Ренова. На крајот бодовите остануваат дома, благодарение на еден гол, и благодарение на добрата одбрана на стружани која овој пат издржа цели 90. минути.

Малку имаше шанси, прекините беа главното оружје, по некоја долга и нафрлена топка. Во 33. минута после една акција и нафрлена топка, акцијата се префрли кон средината од каде Цаке биеше, и погоди со надворешниот дел од копачката, го изненади Велии и тој гол беше вреден победа.

ЦАКЕ ИСТО КАКО И ПРОТИВ ВАРДАР

Тврдо прво полувреме одиграа и двата тима, главно се играше на средината на теренот, со ретки напади на двете страни. Високит топки беа главното оружје и за Струга и за Ренова, а во 33. минута кога не можеа напаѓачите, на сцена стапи Цаке.

Домашниот играч од 25 метри со надворешен фелш, во „стилот на Кварезма“ погоди, овој пат во левиот долен агол, за разлика од мечот со Вардар кога шутираше во горниот десен.

РЕНОВА ТРГНА ПО ИЗРАМНУВАЊЕ, СТРУГА ЧЕКАШЕ КОНТРА

Иницијативата во вториот дел беше на страната на Ренова, која тргна да израмни. Нападите нивни донесоа многу изведени корнери, но ниту еден не беше искористен. Имаа гипсарите неколку прилики кои не ги материјализираа, а на другата страна Цветаноски можеше да ги „закопа“ нивните надежи со убава шанса која не ја реализираше.

Струга, пак, чекаше шанса преку противнапад да дојде и до втор гол, со што во голема мера ќе ја обезбедеше порано победата, но и вака на крајот успеа да стигне до трите бода.

 

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА     1:0 (1:0)

Градски стадион во Струга. Гледачи: /

Судија: Игор Стојчевски.

Стрелци: Цаке 33’

Ж. Картони: Лена, Ѓуриќ, Шеји (СЛ) – Садики, Рамадани, Велии, Фетаи (Р).

Играч на натпреварот: Клисман Цаке.

СТРУГА ТЛ: Ѓуриќ, Цаке, Мециновиќ, Ристевски, Миленковски (66’ Шеји), А. Шабани (46’ Таири), Б. Шабани, Скендери (46’ Цветаноски) (83’ Цветаноски), Лена (78’ Мазари), Јахја, Касами.

РЕНОВА: Велии, Абдула, Кулибали, Б. Велија, Шала (59’ Стојчевски), Шефити (85’ Велиу), Садики, Мухарем (46’ Рамадани), Гавазај (70’ Јашароски), Фетаи, Селмани.