МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА СЛАВАТ НОВА ГОДИНА ВО СРБИЈА ИЛИ ТУРЦИЈА, АМА СЕУШТЕ ИМ ФУФКА

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА СЛАВАТ НОВА ГОДИНА ВО СРБИЈА ИЛИ ТУРЦИЈА, АМА СЕУШТЕ ИМ ФУФКА

Состојбата со новата болест никако не се стишува, а и препораките се менуваат од ден во ден, се повеќе земји во регионов целосно се затвораат и прогласуваат полициски час, но сепак има интерес за патувања надвор од земјава за новогодишните празници – велат од повеќе познати туристички агенции во земјава, пишува Фокус.

И покрај лошата состојба со болеста и преполните болници, интересно е што голем број на граѓани сепак не се откажуваат од дочекот на новата година во хотели во странство. Според она што е дозволено во нашата земја, односно патувањето во неколку земји без потреба од направен тест, достапни биле пакет аранжмани во Србија, каде најголем бил интересот за хотелите во Копаоник и Белград, како и понуди на повеќе локации во Турција.

-Во Србија и Турција барем засега не се бара негативен тест за влез во земјата, можеби и поради тоа има поголем интерес за овие дестинации. Има понуди за секој џеб, на пример аранжман за дочекот на новата година во Истанбул, се патува со автобус, цената за две ноќи е 150 евра. Слични цени има и за аранжмани во Србија, граѓаните се јавуваат, се интересираат, но сепак повеќето се одлучуваат да причекаат уште некое време, да видат како ќе се одвива состојбата со пандемијата, за да одлучат дали конечно ќе уплатат- појаснуваат од популарна туристичка агенција од Скопје.

Аранжманите во Турција немаат некоја посебна програма за дочекот на Новата година, што значи дека не се планира никаква организација и на самите граѓани останува дали годината ќе ја пречекаат во соба, на плоштадот или на некое друго место, за разлика од нашите соседи во Србија каде голем број од пејачите веќе објавуваат каде ќе пeјат за време на оваа ноќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата