Новиот Американец, Џејкоб Вајли исто како и капитенот, Војдан Стојановски во понеделник доколку ПЦР-тестовите се негативни треба да му бидат на располагање на селекторот, Александар Тодоров во Талин.

Вајли не успеа со својот тим вечерва да дојде до победа. Неговата Гран Канарија беше поразена на домашен терен од Андора со 62-79 во рамките на 11. коло во Лига Ендеса. За новиот репрезентативец и неговиот тим ова беше деветти пораз оваа сезона и со скор од два порази се наоѓаат на 17. место на табелата.

Американецот одигра 19. минути имаше пет поени (1/2 за три, 1/3 за два поени), два скока и две асистенции.

Македонија на 28. игра против Естонија, додека два дена подоцна се среќава со Италија во ноемврискиот квалификациски циклус за пласман на ЕП, а Вајли се очекува да биде од голема помош.