Пожар кај спортскиот центар во Тетово – НЕМА ИНФО ЗА ПОВРЕДЕНИ

21.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар кај спортскиот центар во Тетово – НЕМА ИНФО ЗА ПОВРЕДЕНИ

Тетовските пожарникари интервенираат попладнево на пожарот што се случи на улицата „Љубо Божиновски-Пиш” во индустрискиот дел во близина на спортско-рекреативниот центар. Пожарот кој зафатил неколку монтажни објекти-бараки, во тетовската полиција е пријавен во 15 часот и 30 минути.

На местото на пожарот испратени се служби на СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и причинетата материјална штета, информира Марјан Јосифоски порпарол на СВР Тетово.

Нема информации за повредени лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата