Доминик Тим се пласираше во финалето на Завршниот Мастерс во Лондон откако во драматичен натпревар го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови (7:5, 6:7, 7:6). Австриецот го запиша 300. триумф во кариерата, а до победата стигна во тај-брејкот во третиот сет. Тим можеше да стигне до победата и порано, но во тај-брејкот во вториот сет пропушти дури четири меч топки.

Во одлучувачкиот сет немаше ниту една брејк шанса, па победникот мораше да биде одлучен преку тај брејкот. Ѓоковиќ имаше шанса во последниот гем, водеше 4:1, а потоа изгуби пет поени по ред и веднаш потоа и мечот.

Тим во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.