Неверојатен меч. Борец со многу подобра игра, со многу повеќе шанси, но Вардар победи и тоа благодарение на одличните последни 15 минути. Олигледно е дека само Вардар знае како се победува во Велес, денеска со 2:0, со головите на Попзлатанов и Цветановски. А се требаше или можеше да биде ако Борец искористи барем дел од своите шанси. Но така е тоа во фудбалот головите се сметаат, шансите се забораваат.

Останува велешани да жалат за пропуштеното, место високи и убедливо да слават со Вардар, тие загубија, и тоа со 0:2.

Со тоа вардарци на најдобар можен начин му го честитаа роденденот на својот тренер Александар Васоски.

Како што и се очекуваше, Борец беше тој што прв тргна во офанзива, што прв ја презема играта во своите нозе. Вардар пак делуваше некако растргано, не можеше да се поврзе. Првата можност ја имаше Десниќ и тоа во 12.минута по центаршутот на Никола Ристески, но за малку не ја зафати топката, Претходно добра акција и од Марјан Ристовски, кој одново одигра квалитетно, но гол немаше. Истиот играч во 13.минута прекрасно го проигра Прелчец, овој се најде во зицер ситуација, но го промаши целиот гол. Нешто слично се случи и во 26.минута кога сега Пеев се најде сам пред вардаровиот голман. Вардар во 34.минута преку Чарлстон имаше колосална шанса да дојде до водство, но во два наврати Ефтимов од гол линијата спаси да не се тресе мрежата на велешани.

ПОПЗЛАТАНОВ “ТРЕСЕ“, ВАРДАР СЕ РАДУВА…

Каков ли само старт на второто полувреме. За пет минути дури четири големи шанси за гол, по две на двете страни. Прво шутот на Најденов го одбрани Мустафа, па потоа Мирчевски имаше супер шанса за Вардар. Следуваа двете шанси на Борец преку Ѓорѓиев и Стојчевски, но и сега нема гол. Борец ги засили атаците, во 52 и 53 минута преку Прелчец и М. Ристовски мораше да поведе, но и сега среќата не беше со велешани. И одново не беше во 63.минута кога од слободен удар Марјан Ристовски ја здрма стативата на Вардар. Што ли треба да се случи па да видиме гол на овој меч?

И кога не се користат шансите, тогаш јасно е дека следува казната. А таа дојде во 79.минута кога Попзлатанов прво изби сам пред Мустафи, потоа шутираше силно, топката го зафати Стоименовски, но сепак заврши во мрежата на шокираните велешани.

Во 85.минута Ѓорѓиев одново со супер шанса, но одново нема гол.

Затоа на другата страна Вардар преку Цветановски постигна уште еден гол, и тоа на аситенција на Попзлатанов, за победа, за големи три бода.

БОРЕЦ – ВАРДАР 0:2 (0:0)

Градски стадион во Велес. Гледачи:/. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Попзлатанов 79., Цветановски 90. (ВАР). Ж. Картони: М. Ристовски, Н. Ристески (БОР), Чарлстон (ВАР).

Играч на натпреварот: Јован Попзлатанов (Вардар).

БОРЕЦ: Мустафа. Ф. Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, М. Ристовски, Ефтимов (72. Митров), Десниќ (46. Ѓорѓиев), Н. Ристески, Пеев (72. Радовиќ).

ВАРДАР: Илиќ, Велковски, Радуловиќ – Величковиќ (57. Мартинага), Мицевски, Цветановски, Лазаревиќ, Попзлатанов, Чарлстон, Мирчевски (57. Петковски), Петровиќ, Најденов.