Еден загинат и тројца повредени во тешка сообраќајка во Кавадарци

21.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден загинат и тројца повредени во тешка сообраќајка во Кавадарци

Педесет и четиригодишен маж од Кавадарци загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Кавадарци, кај Градските гробишта. Во несреќата повредени се и три лица.

Несреќата се случила помеѓу трактор со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, автомобил „фолксваген голф“, управувано од Л.Л.(51) од с.Дабниште, кавадаречко и автомобил „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци. На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во „фолксваген голф“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од с.Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката од истото возило М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата