Интер беше на пат да загуби три бода на дуелот со Парма во италијанската Серија А меѓутоа се спаси. Иако губеше со 0:2 „нероаѕурите“ успеаа да стигнат до 2:2 и да освојат бод. Тренерот Антонио Конте имаше многу проблеми да ги мотивира своите фудбалери кои беа некако отсечени, а притоа го немаа на располагање Ромелу Лукаку. Конте дури го смени целиот среден ред во второто полувреме и тоа му се исплатеше.

Жервињо во 46 и 62 минута донесе предност за Парма од два гола, но во меѓувреме Брозовиќ намали, а во втората минута од судиското продолжение Иван Перишиќ изедначи на 2:2.

Ова е второ реми на Интер сезонава и по шест кола е на петото место на табелата. Парма е на позиција 15.