ТФТ и Куманово по само неколку дена одново излегоа на мегдан, овој пат во домашниот шампионат, победата отиде на сметка на гостите кои славеа со 82-83 (17-18, 16-29, 22-18, 27-18) во доста возбудлив финиш.

Дебитантот најави дека ќе биде тежок противник доколку се потцени, во самиот финиш губеше, не се предаде, со пресинг успеа да го збуни домаќинот и да приреди драма, на 12 секунди до крајот намали на 80-81, но за жал остана со празни раце. Марковски реализираше две слободни фрлања, а ТФТ само два поени.

Домаќинот поведе со 8-4, па со 17-13, но не успеа да го задржи ритамот, гостите со серија од 11-0 целосно го свртија мечот, поведоа со 17-24. На средината на втората четвртина беше 21-31, на одморот беше 33-47.

Куманово мислеше дека лесно ќе дојде до првите бодови, ТФТ изграше како да е изедначено, двоцифрената негатива ја стопи на 59-65, па гостите се опуштија, ништо не најавуваше дека ќе има драма.

Се чинеше дека дебитантот нема сили за сензација, при 74-81, дојде на 80-81 на 12 секунди до крајот. Марковски погоди две слободни фрлања на четири секунди до крајот, на другата страна со два поени, ТФТ не успеа да се избори за 82-83.

Андрејевиќ со 16 поени и 8 скока беше прв стрелец кај победникот, два поени помалку имаа Марковски и Цариќ, кај домашниот тим, Андерсон запиша 20 поени.

Статистика од мечот можете да видите ТУКА.