ДЕСЕТ ЧУДНИ МЕСТА каде луѓето ги СКРИВААТ ПАРИТЕ

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕСЕТ ЧУДНИ МЕСТА каде луѓето ги СКРИВААТ ПАРИТЕ

Светскиот ден на штедењето е основан на 30 октомври 1924 година во Италија, за време на првиот Меѓународен конгрес за банкарски заштеди, одржан во Милано.

Денес официјално се одбележува 31 октомври и треба да нè потсети дека треба да штедиме. Има многу трошоци, тоа е точно, но сигурно е дека секој месец купуваме барем една работа што не ни треба.

Кога купувате, запрашајте се дали ви треба нешто, ако не - прескокнете го, следете ги постапките, не купувајте брзо, направете пресметка однапред, користете готовина почесто, а помалку картички и слично. Ако, на крајот на краиштата, успеете да заштедите, ние ви ги откриваме најчудните „места“ каде што луѓето скривале пари.

Од книги и перници, до чорапи до кутии со бисквити - да, сето ова им паѓа на ум на луѓето.

Една група студенти купиле половен кауч за 20 долари, а подоцна во него пронашле дури 41 000 долари! Сепак, тие решиле да ги вратат парите на сопственикот на каучот. Неговата сопруга со години таму ги чувалапарите, за на крај да ги заборави.

Интересно е тоа што во многу домови кутии со бисквити, особено со празнични колачиња, повеќе служат како украс бидејќи се украсни. Затоа, тие се идеално место каде ќе чувате мала сума пари, од време на време.

Финтата со чорапите е стара, можеби колку и самата заштеда, но сепак не е надвор од мода.

Плишано мече е играчка што ја има скоро секоја куќа. Ако не сте имале вие уште од детството, тогаш вашето дете мора да го има. Верувале или не, многу луѓе купувата вакви играчки за да стават пари внатре, и да ги извадат подоцна кога ќе дојде време да се потрошат.

Кутија за чевли може да биде добро место за складирање пари. Обично ги чуваме кутиите, бидејќи тука или ги чуваме чевлите или други ситни работи. Само внимавајте да не заборавите дека оставивте пари таму.

Веројатно имате неколку десетици книги дома, една мини библиотека. Оние книги на кои ретко се враќате можат да бидат добро место за чување пари. На пример, многумина чуваат пари во Библијата, што испраќа и одредена симболична порака.

Маска за мобилен телефон, логично, е „модерно“ место за чување пари. Како што е случај со чорапите, на овој начин парите секогаш ќе бидат со вас, единствениот недостаток е што не многу банкноти можат да се сместат во маската.

Оставата е добро место за заштеда, особено ако е добро уредена и точно знаете каде е се. Меѓу сите кутии со бисквити, житарици, тестенини и зачини, сигурно ќе има место за конзерва или кутија за кафе, или шеќер, каде што можете да чувате пари.

Рамката за слика е уште едно популарно место каде што луѓето чуваат пари и кога ќе размислиме малку подобро - тоа е многу паметна идеја. Од таму парите не можат да „избегаат“.

Перницата е уште едно типично место каде што луѓето ставаат пари, поточно, тука главната улога ја има навлаката за перници. Сè што треба да направите е да ги ставите парите на перница, а потоа да ги покриете со навлаката за перница и да ги ставите на креветот каде што спиете. Само внимавајте кога ја менувате навлаката за перници, за да не ви паднат парите случајно или да завршат во машината за перење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата