Мајка го затекнала синот како спие, откако се вратил од забава, УТРОТО ОТКРИЛА УЖАСНА ВИСТИНА

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка го затекнала синот како спие, откако се вратил од забава, УТРОТО ОТКРИЛА УЖАСНА ВИСТИНА

Откако излегол за Ноќта на вештерките, еден млад човек кој добро се забавувал пиејќи алкохол се вратил дома и заспал во дневната на неговата мајка Џулиет Џарвис.

Го видела како лежи на подот, па му донесела перница. Пијан, и рекол „благодарам“ и продолжил да спие, а мајката била изненадена бидејќи нејзиниот син Стјуарт е толку учтив, пренесува „Вечерњи.хр“.

За неа исто така било чудно што неговиот автомобил не бил пред куќата, па помислила дека сигурно се расипал, а тој се вратил пеш. Потоа и самата си легнала. Меѓутоа, кога се разбудила наутро видела нешто на што не се надевала.

Младиот човек кој спиел во дневната воопшто не бил нејзин син, туку човек по име Марк. Бил пијан и по грешка влегол во нивниот дом и заспал.

Утрото, го пронашол сопругот на Џулиета, кој го открил неговото име и што се случило, а потоа го одвел дома неколку километри подалеку. Џулиет објави невообичаена приказна на Фејсбук и призна дека е благодарна што сè поминало толку добро, бидејќи тотален странец ја поминал ноќта во нејзината куќа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата