ПОСЛЕДНИОТ ЏЕЈМС БОНД СЕ ПРОСТИ СО ПРВИОТ: Каде и да е се надевам дека има терен за голф

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОСЛЕДНИОТ ЏЕЈМС БОНД СЕ ПРОСТИ СО ПРВИОТ: Каде и да е се надевам дека има терен за голф

Легендарниот актер Шон Конери денеска починa на 90 годишна возраст. Многумина ќе го паметат по многубројните улоги, особено како Џејмс Бонд.

Целиот свет се збогува со Конери, колегите, обожавателите, пријателите ... а сега истото го стори и последниот Бонд, актерот Даниел Крег.

- Со тага слушнав дека големиот актер нè напушти. Сер Шон Конери ќе остане засекогаш запаметен како Бонд, но многу повеќе. Тој дефинираше едно време и стил. Шармот и духовитоста што ги вдахна во ликовите што ги играше може да се мерат само во мегавати. Тој е човекот кој создаваше блокбастери. Тој ќе продолжи да ги инспирира актерите и режисерите и во наредните години. Моите мисли се со неговото семејство и најблиските. Каде и да е, се надевам дека има терен за голф и игра таму, напишал Крег.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата