И официјално новата сезона во Првата лига конечно почна. Уште на стартот имаме изненадување, Академија ФМП го изненади далеку поискусниот состав на Гостивар совладувајќи го со  84-75 (24-14, 24-18, 19-24, 17-18).

Домаќинот доминираше во текот на целиот меч, го наметна своето темпо, не му дозволи на противникот да помисли на целосен кам-бек.

Силен старт на ФМП, мечот го отвори со серија од 10-3. Во овие минути се чинеше дека ова се само лоши минути за гостите, но во таборот на домаќинот се функционираше одлично. По првата четвртина поведе со 24-14.

И тука не застана, набрзина дојде до двоцифрено водство од 29-17, во 14. Минута истото изнедуваше плус 15 (34-19). На другата страна Гостивар  успеа да се доближи на 38-30. „Академците“ делуваа сигурно, па на одморот заминаа со водство од 48-33.

По одморот Гостивар се обиде да го извади од колосек противникот, го доби третиот период со 19-24, но ФМП во последните десет минути влезе со двоцифрена предност од 67-57.

Крстајиќ и Харис одиграа одличен натпревар, на секој обид на противникот враќаа во иста мера, одлично се надоврзуваше и Петровиќ.