Аталанта со 2:1 го совлада Кротоне во италијанското првенство. Тренерот на клубот од Бергамо Џан Пјеро Гасперини потврди дека е загрижен пред пресметката со Ливерпул затоа што му се повредија двајца фудбалери.

Заслужено победивме. Константно напаѓавме, а не им дозволивме многу простор во одбраната. Сепак, загрижен сум затоа што Ханс Хатебер и Кристијан Ромеро излегоа од игра поради мускулни повреди, додека Робин Гусенс и Мартен де Рон најверојатно ќе го пропуштат мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Ќе мораме да почекаме до утре за да ја видиме состојбата на фудбалерите. Толои исто така доби удар во коленото… Ќе видиме кој ќе може да игра, а кој не“, изјави Гасперини.

Мечот Аталанта-Ливерпул во 3.коло од групата Д во ЛШ ќе се игра во среда во Бергамо.