Иако очекуваа градење на победнички тим со кој Реал Мадрид одново ќе ја нападне титулата во Лигата на шампионите, „кралевите“ ова лето не купија речиси ништо.

А, се откажаа од многу играчи. Бејл, Хакими, Диаз, Рениер, Себаљос, Мајорал… беа продадени или позајмени на други клубови.

Навивачите сигурно ќе бидат разочарани и во јануари, за кога Реал Мадрид објави дека не планира да купува нови играчи.

Исклучок ќе биде само евентуално доколку биде продаден Лука Јовиќ, и тоа за 50 милиони евра. Тие пари би биле потрошени за друг напаѓач, и тоа е се што „кралевите“ би направиле во тој преоден рок.