Покојниот Шон Конери: КОСОВО МОРА ДА ОСТАНЕ ВО СРБИЈА, СЕ Е ОВА ЛИЦЕМЕРНО

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Покојниот Шон Конери: КОСОВО МОРА ДА ОСТАНЕ ВО СРБИЈА, СЕ Е ОВА ЛИЦЕМЕРНО

Шон Конери, славниот шкотски актер почина денес на 90-годишна возраст, објави Би-Би-Си.

За многумина, најдобриот агент 007 од филмскиот серијал Џемјс Бонд, Шон Конери не ја пропушти можноста да посочи дека Косово е дел од Србија и воопшто не заслужува независност.

Славниот актер очигледно многу добро ја познаваше светската политика, па за време на прогласувањето на „независност“, тој инсистираше на тоа дека јужната српска покраина не заслужува да се оддели.

"Не разбирам зошто Косово е посебен случај. Како можат тие да бидат независни, а многу други не можат. Тогаш, зошто Шкотска не може да се оддели од Велика Британија?! Косово мора да остане во Србија. Сето ова е лицемерно", рече тој на прес-конференција.

Дури и години по прогласувањето на независност на Косово, Шон Конери не ја пропушти можноста да посочи дека е направена голема неправда кон Србија, што честопати го повторуваше кога апелираше до своите Шкоти да бараат отцепување од Велика Британија.

Тој не живееше во Шкотска, во која, како што рече, „нема да се врати се додека не постои како независна држава“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата