МУ ЈА ОТСЕКЛА „ГОРДОСТА“ НА МАЖОТ НА СПИЕЊЕ - Дознала дека има вонбрачно дете

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МУ ЈА ОТСЕКЛА „ГОРДОСТА“ НА МАЖОТ НА СПИЕЊЕ - Дознала дека има вонбрачно дете

Полицијата во Тараба, Нигерија уапсила средовечна жена под сомнение дека му го отсекла пенисот на нејзиниот сопруг. Жената се решила на овој потег кога дознала дека нејзиниот сопруг направил уште едно дете, со друга жена.

Според локалните медиуми, сопругата зела нож и го нападнала сопругот нешто по полноќ, додека тој спиел. Маж отпо име Бабангида бил пренесен во локална болница во сериозна состојба.

- Тој беше на пазарот цел ден и имаше тежок ден. Наводно дошол дома мртов уморен и отишол во кревет. Тогаш таа фатила нож и го нападнала, бидејќи тој направил дете за некоја друга. Го слушнавме како вреска и влетавме во  станот - рече еден од соседите.

Тој рече дека ранетиот Бабангида и се спротивставил на сопругата и дека во еден момент дури успеал да и го украде ножот и да ја исече.

За време на испрашувањето, таа го признала делото. На прашањето зошто му ги отсекла гениталиите на нејзиниот сопруг, жената изјавила: „Библијата вели дека треба да го отсечеме она што може да нè натера да грешиме“.

Инаку, сличен случај се случи во Нигерија пред четири месеци кога Халим Умар (32) ги исече гениталиите на нејзиниот сопруг затоа што се оженил со друга жена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата