Никогаш не им е доста. Арапите се на чекор од купување на некогашен двоен првак на Англија, клуб кој има страшна навивачка поддршка. Некогаш беше сила во Англија, а тој клуб се вика Дерби Каунти. Ако најавите се остварат, тогаш на сцена ќе има нов супер тим во Премиерлигата.

Преговорите меѓу газдата на клубот Мел Морис и пребогатиот шеик Калед бин Зајед Ал Нехајан се во завршна фаза. Инаку Ал Нехајан е близок роднина со сопственикот на Сити шеикот Мансур. Може,е само да претпоставиме каков клуб тоа ќе биде.

Шеиците фрлија око на овој клуб, како што веќе рековме, и поради навивачите. Дерби Каунти има навистина верни, фанатични тифози. Тие секако го пратат својот омилен клуб. Играат големо дерби против Нотингем Форест, а како што веќе напоменавме Дерби Каунти важи за за шампионски клуб, во својата историја давапати ја има освојувано титулата во Англија.