Се она што се случуваше од минатата сезона, се разбира тука мислиме на пандемијата со Ковид-19, а и поради фактот дека се уште нема договор меѓу раководството на НБА и играчите, според медиумите во САД, на најсилната кошаркарска лига во светот и се заканува нова загуба од една милијарда долари. Велиме уште една зошто досега од јануари навака, загубата е “само“ милијарда долари.

Првите луѓе на НБА сакаат сезоната 2020/21 да почне на 22 декември, додека играчите бараат стартот да биде некаде во средината на јануари. Интересно, засега нема потпишување на колективниот договор меѓу двете страни, работа која секако дека ја оптеретува лигата. Но тоа не е се. Црните сценарија велат дека ако бргу не се најде излез од оваа ситуација, тоагш севкупната загуба на сите кои се поврзани со НБА, би изнесувала 4 милијарди долари, што е половина приход во некои убави времиња пред коронавирусот.

Најглемиот проблем е тоа што клубовите, па и НБА бара од играчите ако веќе сезоната се намалува, ако приходите се намалуваат на половина, тогаш и платите на играчите да се намалат на половина. Се разбира дека тоа самите кошаркари не го прифаќаат.