Финансиската состојба во Барселона не е „розева“. Каталонскиот гигант влезе во големи загуби, како и сите останати клубови поради пандемијата корнавирус.

Од Шпанија доаѓаат информации дека преговорите со играчите за намалување на платите продолжиле, новата рунда е завршена, а се чини дека наскоро ќе биде постигнат и договор.

Фудбалерите одлучиле да го прифатат договорот, откако Бартомеу одлучи да си замине од претседателското место. Неофицијално платите ќе бидат намалени за 30% за да тимот не пропадне.

Дали ќе биде постигнат договор, ќе биде познато во четврток, Барса мора да ги намали трошоците за 190 милиони евра.