Ерменија побара помош од Русија

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ерменија побара помош од Русија

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, му се обрати на претседателот на Русија, Владимир Путин, со барање да започне консултации во која форма и обем Русија би можела да ѝ помогне на Ерменија за обезбедување безбедност, пренесува Спутник.

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека во писмото испратено од Пашинијан до Путин е претставено целокупното толкување на моменталната состојба на терен, како и сите предизвици што ги носи „воената агресија на Азербејџан врз Нагорно Карабах“.

Пашинијан побарал од Путин да почне консултации што е можно поскоро со цел да се утврди обемот на руската помош, заснована на сојузот што постои меѓу Русија и Ерменија.

Неодамна во Женева се одржа состанок на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија за конфликтот во Нагорно Карабах. Министрите постигнаа договор да не извршуваат напади врз цивилни објекти во зоната на конфликтот, но и да состават список на сите воени заробеници за да може да се изврши нивна размена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата