И пинг-понг нема да се игра во Македонија. Новиот општ протокол кој го донесе Владарта Р.М, а кој бара задолжителни ПЦР тестови на 72 часа пред секој меч е причината поради која овој спорт е прекинат. Како што велат од оваа федерација клубовите се немоќни, немаат средства да ги исполнат барањата.
„Не поминаа ни два месеци од започнувањето на пинг понгарските натпреварувања кои беа во прекин од средината на март до средината на септември за истите повторно да бидат прекинати.
Новите протоколи кои ги донесе владата во областа на спортот за борба против пандемијата од корона вирусот силно ги погодија клубовите, кои знаејќи дека пинг понгот кај нас сеуште не е издигнат на професионално ниво, така што клубовите немаат финансиска моќ да ја спроведат одлуката прошишана во протоколите за задолжителен ПЦР тест на играчите и тренерите пред секој натпревар, ПЦР тестот не смее да биде постар од 72 часа.
 Поради овие причини пинг понгарската федерација донесе одлука за прекин на сите натпреварувања додека не се создадат услови кои ќе бидат поволни за продолжување на натпреварите.
Поради прекинот на натпреварите повторно како и во март остануваат нереализирани многу активности кои имааа за цел организација на повеќе натпреварувања пред се за најмладите играчи во категориите помлади од 18 години. Овој викенд требаше да се одржат финалните натпревари од јуниорската лига, кои ќе бидат одржани штом се донесе одлука за продолжување на натпреварите.
Исто така поголемиот број на клубови имаат проблеми и во реализација на тренинзите. Мнозинството клубови своите тренинзи ги одржуваа во спортските сали на училиштата кои истотака се затворени. Останува надеж дека во иднина ќе се подобри ситуацијата за пинг понгарите да можат да ги продолжат сите активности“, се вели во соопштениет.