Кому му сметаат зборовите „БУГАРСКИ ОКУПАТОР“ НА СПОМЕН ПЛОЧИТЕ ОД НОБ? (ФОТО)

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кому му сметаат зборовите „БУГАРСКИ ОКУПАТОР“ НА СПОМЕН ПЛОЧИТЕ ОД НОБ? (ФОТО)

Кој ги чкрта зборовите „бугарски окупатор“ од таблите во Македонија? Деновиве на неколку спомен-плочи од периодот на Втората светска војна на кои се оддава почит на народноослободителните херои е исчкртан делот кој го извршил нивното убиство.

Па така на таблата на херојот Блаже Христовски стои дека загинал во скопскиот затвор во 1942 година од бугарскиот окупатор.

На сличен начин е осквернавена таблата која датира од 1965 година. На неа пишува дека на тоа место во 1905 година го обесила војводата од Илинденското востание Александар Турунџев.

По него стои пак дека битолската партизанска организација извела акција против бугарскиот фашистички окупатор. Токму тој назив „фашистички окупатор“ им пречи на Заев и СДСМ и затоа мора да се брише.

Граѓаните виновникот го гледаат кај власта. Велат дека почнаа со брусилка, а прејдоа на чкртaње. Според граѓаните на социјалните мрежи власта продолжува со ретуширање на историјата за ѝ се додвори на Бугарија да се смилува да дозволи да почнеме преговори со ЕУ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата