Додека ФФМ и РФМ ги одложија мечевите кои беа на распоред овој викенд поради новиот протокол кој донесе Владата на Р.М, КФСМ, исто како и одбојкарската федерација, одлучи кошарката да почне по долгата пауза.

Кошаркарите се тестираа со брзи тестови кои им ги додели Федерацијата, ПЦР-тестови никој не направи иако во општиот протокол се вели дека секој клуб е должен да ги направи 72 часа пред секој натпревар.

Но, бидејќи се чекаше долго време и овој спорт на големо задоцни, мораше да се тргне од некаде. Првото коло во Првата лига, сепак нема да се одигра комплетно, поради позитивни случаи на Ковид-19 се одложени две средби: Вардар – Црн Дрим и Кожув – Пелистер.

Денеска треба да се сретнат ФМП – Гостивар и ТФТ – Куманово, двата меча се закажани со почеток во 18 часот. Утре на програмата е градското дерби, домаќин е Работнички, додека силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје 2 и Еуроникел.