Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

31.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи на 26 лица, а над 800 се повредени.

Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во Измир, третиот по големина град во Турција, која беше најпогоден од земјотресот, пренесува агенцијата АП.

По првиот, најсилен земјотрес од седум степени, следеле околу сто помали помали, од кои најмалку 16 биле посилни од четири степени, а Измир го зафати и мало цунами.

Во Изир загинале најмалку 24 лица, соопшти турската служба за вонредни ситуации (АФАД).

На Самос, загинале двајца тинејџери кога се срушил ѕид врз нив, а дваесетина лица биле повредени. Двајца од повредените, меѓу кои и 14-годишно момче, се пренесени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштија локалните власти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата