Шведскиот напаѓач одново се најде во центарот на вниманието во спортската јавност. Златан Ибрахимовиќ вчера објави видео како со својот мотор оди на тренинг, што пак не им се допадна на фановите.

Познато дека на фудбалерите им е забрането да возат мотори поради евентуални повреди, но се чини ова правило не важи само за 39-годишниот фудбалер. Тој доби бројни пораки и апели дека не треба да ризикува, и дека за бадијала не е клаузулата во договорите на сите фудбалери.