Хувентуд не успеа да продолжи во победнички ритам и во домашниот шампионат. И покрај фантастичната партија на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, не успеа да замине со цел од гостувањето кај Фуенлабрада, беше совладан со 93-84 за трет пораз оваа сезона.

По изедначената игра во првото полувреме (48-48), тимот од Бадалона падна во вториот период. Домашниот состав одигра добро во третата четвртина (24-17), а веќе во последните десет минути дојде до двоцифрена позитива.

Димитријевиќ беше прв стрелец со 15 поени (0/3 три, 5/13 за два, 5/7 за еден поен), за нецели 29. минути во игра додаде уште четири скока и три асистенции. Репрезентативецот делеше асистенции, имаше неверојатна блокада и давеше мајсторски поени, но бадијала…

По 8. коло, Хувентуд е на шестото место на табелата со скор од пет победи и три порази.