РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Ердоган потврдил колку луѓе загинале во Турција (видео)

30.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Ердоган потврдил колку луѓе загинале во Турција (видео)

Покрај Турција, од земјотресот погодено е грчко острово.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обратил на граѓаните на Турција после разорниот земјотрес кој денеска ја погодил провинцијата Измир, но и дел од Грција во која како што рекол, загинале 12 лица, додека 439 се повредени.

- Спасувачи работат на рушевини на 17 објекти. Ангажирани се сите расположиви потенцијали за потребите на спасувачките операции – рекол Ердоган во телевизиското обраќање.

Како што навел, пет лица моментално се на операција, а осумина на реанимација. Турскиот претседател изразил сочуство на Грција поради жртвите од земјотрес и порачал дека “солидарност на две соседни земји е повредна од многу други работи во животот“.

Земјотресот покрај Измир погодил и грчки остров. Бројот на погинати и повредени постојано се менува.

Телеграма со сочуство до Ердоган пристигнала од рускиот претседател Владим Путим.

На грчкиот остров Самос загинале два тинејџера врз кого паднал ѕид од зграда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата