ВИДЕО: Несторовски ја продолжи серијата, нов супер-гол на Македонецот

30.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИДЕО: Несторовски ја продолжи серијата, нов супер-гол на Македонецот

Илија Несторовски продолжува со добри игри во Серија Б во дресот на Палермо. Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот во Козенца, откако уште во 16. минута постигна водечки гол за Палермо.

Овој гол се надоврзува на двата гола пред репрезентативната пауза во Карпи. Сега, некогашниот фудбалер на Интер Запрешиќ има десет гола сезонава во дресот на Палермо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата