СОЛЗИ САМИ ТЕЧАТ, ПРОСТИ МИ КУМЕ: Перо Камиказа со потресна порака се прости од кумот Данчо Чеврески

30.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СОЛЗИ САМИ ТЕЧАТ, ПРОСТИ МИ КУМЕ: Перо Камиказа со потресна порака се прости од кумот Данчо Чеврески

- Мојот божји татко отпатува на некое подобро место. Неговите досетки и итроштини засекогаш ќе останат да живеат... Ти благодарам што од студент до последните наши средби ме куражеше и ми даваше ветар во грб... Патувај куме и нека ти е светол патот кон вечниот дом... Последната фамилијарна средба беше на венчавката на Кристијан, па така мислам дека со оваа фотографија е достојно да те испратиме сите од семејството Георгиевски за кое ти засекогаш ќе останеш централна личност... Солзи сами течат, прости ми куме. Почивај во мир легедно. Искрено сочувство до фамилијата, се зборовите со кои Петар Георгиевски - Камиказа се прости од својот кум Данчо Чеврески, кој почина синоќа на 69-годишна возраст. 

Чеврески е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата