НОВИ МЕРКИ: Во овие градови се воведува КАРАНТИН - ќе работат само продавниците и училиштата

29.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НОВИ МЕРКИ: Во овие градови се воведува КАРАНТИН - ќе работат само продавниците и училиштата

Во Грција веќе трет ден по ред се регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирус, а во изминатите 24 часа бројката е помала од вчера, односно 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Половина од случаите, повторно се во областа Атика (335) и во Солун (275).

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и официјално го соопшти она што претпладнево го најави грчкиот премиер дека градовите Солун, Лариса и Родопи од северниот дел на земјата влегуваат во црвената фаза, што значи дека се затвораат кафулињата, рестораните, кината, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, односно од утре наутро се воведува мини карантин. Отворени ќе бидат продавниците и училиштата.

Хардаљас рече дека одлуката трите градови од портокалова да преминат во црвена (зголемена опасност) е базирана на податоците и ситуацијата од изминатите денови.

-Во регионалната единица Солун во овој момент има 1.955 случаи и 4.399 блиски контакти коишто се во домашна изолација, а просечната возраст на случаите во изминатите денови се зголеми на 35,5 години. Во исто време во Лариса, во овој момент има 343 активни случаи на просечна возраст од 37 години, а од проверката на контактите произлезе 721 близок контакт. Во Родопи имаме 217 активни случаи, на просечна возраст од 30 години, а блиските контакти се 488, рече Хардаљас и објасни дека просечната возраст како и проверката на контактите покажуваат дека случаите се поврзани со забави, спортски активности и масовни собири.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на почетокот од денешната владина седница откри дека утре ќе соопшти, нови мерки, односно како што рече „нов акционен план во траење од еден месец“ и уште еднаш повтори дека намерата е да се избегне целосен карантин.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 35.510 случаи, а починаа 615 лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата