Мицотакис утре ќе соопшти дополнителни мерки за Грците

29.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицотакис утре ќе соопшти дополнителни мерки за Грците

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на онлајн состанок на владата најави дека утре ќе бидат соопштени дополнителни мерки за спречување на вториот бран на пандемијата на коронавирусот во земјата.

„Утре ќе објавам нов едномесечен акционен план“, рече грчкиот премиер, додавајќи дека целта на Владата останува да спречи воведување на целосна блокада во земјата.

Грција вчера потврди рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти со Kовид-19 починаа, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 603.

Од почетокот на пандемијата во земјата 34.299 лица биле заразени со коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата