„Политико“: Постигнат „компромис“ во ЕУ за барањата на Бугарија - МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ЈА ПРИЗНАЕ ИСТОРИЈАТА ДЕФИНИРАНА ОД СОФИЈА

29.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Политико“: Постигнат „компромис“ во ЕУ за барањата на Бугарија - МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ЈА ПРИЗНАЕ ИСТОРИЈАТА ДЕФИНИРАНА ОД СОФИЈА

Висок дипломат на Европската унија за „Политико“ изјавил дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков компромис за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“.

Што има во договорот? Според „Политико“ вака наводно изгледа постигнатиот  компромис:

Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик.

Ако ова е „компромисот“, тогаш тоа се, всушност, најголемиот дел од бугарските барања. Големо прашање е дали македонската страна би ја прифатила „историската вистина“ презентирана од Софија, по општите негативни реакции во јавноста.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата