„ФИЛИП ВТОРИ“ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА ПО БАРАЊЕ НА ГРЦИТЕ: Како ќе се вика стадионот?

30.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„ФИЛИП ВТОРИ“ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА ПО БАРАЊЕ НА ГРЦИТЕ: Како ќе се вика стадионот?

Најголемиот фудбалски стадион во Македонија ќе добие ново име. Арена „Филип Втори“ ќе замине во историјата, согласно Преспанскиот договор. Грците веќе реагирале откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, а во службениот извештај стоеше дека името на стадионот е „Филип Втори“.

Владата преку Агенцијата за млади и спорт издаде барање до сите спортски федерации да го изберат своето ново име, дали ќе се викаат федерација на Северна Македонија или пак Национална федерација. Истовремено, издадено е и барање за промена на името на најголемиот спортски објект во државата и тоа треба да се случи во најбрз можен рок.

Извор: екипа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата