Марија Шерифовиќ: На памет ми паѓа самоубиство и да се отрујам...

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марија Шерифовиќ: На памет ми паѓа самоубиство и да се отрујам...

 

Марија Шерифовиќ на својот Јутјуб-канал објави видео во кое одговара на прашањата на своите фанови, а нејзиниот коментар за сталингот на Беовизија од 2007 година и како си изгледа од денешна временска дистанца - ги насмеал сите. 

- Кога ќе се сетиш на стајлингот од првата вечер на Беовизија, ти паѓа ли на памет самоубиство? - гласело прашањето, а пејачката искрено одговорила дека креацијата била облог. 

- Види, на памет ми паѓа и самоубиство, и да се отрујам, и да се убијам, и да си направам некое тешко злосторство, но нема врска. Тоа беше еден квалитетен облог, кој го направив заради шоу, рекла Марија и додала: - Да се разбереме, си изгледам како тотален кретен, како тотален идиот во тоа, како Урсула од Малата Сирена. Бљак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата