ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ СЕ УШТЕ ГО НЕМА: Компаниите се жалат дека нема да имаат време да аплицираат

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ СЕ УШТЕ ГО НЕМА: Компаниите се жалат дека нема да имаат време да аплицираат

Компаниите се жалат дека нема да имаат време да аплицираат за државна помош ако Собранието итно не го донесе предлог-законот за финансиска помош за исплата на плати. Сметководителте апелираат до Владата да се носат навремени законски решенија за стопанството да има доволно време да ги прибере потребните документи, бидејќи роковите се куси. Новиот пакет помош за справување со последиците од пандемијата, може да не стигне на време, пишува АлсатМ.

„Денеска сме 27 октомври, а законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноeмври и за декември уште не е донесен. Пријавата за добивање на финансиска помош ќе треба да се поднесе најдоцна до 7 ноември, а за да може да се поднесе ќе треба да се направат и пресметки за оставрени приходи и да се обезбедат сите потребни документи“, вели за АлсатМ Александра Андреева од комората на сметководители.

Од Сојузот на стопански комори бараат јасно дефинирани законски решенија, за да нема погрешно толкување како во претходните донесени уредби.

„Минатата уредба министерката за финансии излезе и објасни дека  работодавачите може да исплатата и 50 и 70 отсто, што е апсолутно така, а три месеци потоа излегоа во јавност некој шпекулации од УЈП дека ќе се вршеле контроли за фирмите кои не ги исплатиле платите во целост…“, изјави Благоја Грозданов-комора на сметководители.

Предлог-законот за финансиска поддршка за исплата на плати ќе се носи по скратена постапка во Собранието, но сè уште не е ставен ни на дневен ред. Овој закон е дел од четвртиот сет економски мерки наменет за компаниите. Помош ќе добиваат оние кои изминативе месеци имаат намалени приходи од 40 отсто или повеќе. Во зависност од падот на приходите, помошта ќе се движи од 14.500 до 21.770 денари по вработен.

АлсатМ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата