Тасевски: Пoжарникарите си ги ризикуваат животите, ТРЕБА САМИ ДА ИМ ПОНУДИТЕ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тасевски: Пoжарникарите си ги ризикуваат животите, ТРЕБА САМИ ДА ИМ ПОНУДИТЕ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Како не ви е срам пожарникарите да протестираат за плати, на тие луѓе малку е и илјада евра да им давате, реагира на Фејсбук актерот Сашо Тасевски, откако пожарникарите преку протест си ги побараа парите кои Град Скопје не им ги дава повеќе од година дена.

А бе, на пожарникарите малку е и илјада евра плата да им дадете.

Сум пишувал колумни на оваа тема.

Пожарникар кога влегува во шума или зграда што гори да ги спасува вашите валкани газиња од блуд и тендери, не знае дали ќе се врати дома жив.

Ризикува живот за е*ани 20 илјади денари. Толку им е платата.

Како не ви е срам да дозволите тие луѓе на улица да бараат повисоки плати.

Треба сами да им понудите без да ви побараат.

Вие сте резил за социјалдемократијата, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

А бе, на пожарникарите малку е и илјада евра плата да им дадете. Сум пишувал колумни на оваа тема. Пожарникар кога...

Posted by Sasho Tasevski on Вторник, 27 октомври 2020

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата