Дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе продолжи во четврток

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе продолжи во четврток

Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи во четврток, 29 октомври, со состанок на ниво на експерти, дознава Танјуг. Двете делегации ќе бидат предводени од главни преговарачи.

Станува збор за рунда кој првично беше закажана за крајот на септември, но беше откажана поради превентивна карантинска мерка за персоналот на Европската служба за надворешни работи, која посредува во дијалогот.

Агендата останува иста, ќе се дискутира за финансиски побарувања и имот.

Во Брисел, за Танјуг изјавуваат дека состанокот ќе се одржи во согласност со сите мерки за заштита од коронавирус, пропишани од Европската служба за надворешни работи и властите на Белгија, како земја домаќин.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата