Актуелниот првак Вардар денеска (11:00 часот) требаше да полета за Париз, но СПОРТМЕДИА дознава дека тимот не е полетан, а чартер-летот откажан, барем засега.

Не станува збор за проблем во таборот на македонскиот клуб, туку рестрикциите во Франција. До вчера во Париз имаше полициски час, а се чини преку ноќ се смени и политиката за земјите како Македонија.

Дознаваме дека Вардар 1961 не добил дозвола за слета во Франција, тимот е во Скопје, а мечот сигурно ќе биде одложен, наскоро очекуваме реакција и потврда од страна на македонскиот клуб.