Одложувањата на натпреварите во ракометниот свет продолжуваат. Уште една средба од Лигата на шампионите нема да се одигра според предвидениот распоред.

Поради позитивни случаеви на коронавирус во редовите на ППД Загреб, дуелот кој беше закажан за во четврток на теренот на Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров нема да се одигра.

Со истиот проблем се соочува и Мешков Брест, кој е во карантин и ракометарите кои настапуваат за белорускиот состав нема да се појават за ЕХФ-неделата. Мешков требаше да одигра дуел со Елверум, но истиот претходно беше одложен поради Ковид-протоколите во Норвешка.