Селекторот на нашиот женски сениорски национален тим, Владимир Ѓоровиќ го објави списокот на 24. кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Во ноемврскиот циклус нашите кошаркарки ќе одиграат два натпревари. На турнирот во Рига, како дел од групата „И“ на 12. ноември, Македонија игра против Хрватска, додека два дена подоцна со Германија.

На списокот ја нема нашата најдобра кошарка, Јелена Антиќ, која и натаму е надвор од терените поради повреда.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

1. Нена Трајчевска

2. Aнжелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)

3. Софија Лазаревска (Милано Баскет Старс – Италија)

4. Матеа Николиќ (Кампо Бассо – Италија)

5. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)

6. Катерина Поп Димитровска (КАМ Баскет)

7. Ивона Пејковска (Вардар)

8. Сандра Лазаревска (Бадел 1862)

9. Драгана Јоловиќ (Бадел 1862)

10. Драгана Петковска (Работнички)

11. Сања Адамовска (Бадел 1862)

12. Наталија Секуловска (Бадел 1862)

13. Јована Петрушевска (Вардар)

14. Габриела Модева (Струга 2009)

15. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)

16. Матеја Атанасовска (Палаканестро Вигарано – Италија)

17. Цветанка Димова (Бадел 1862)

18. Елена Тасевска (Палаканестро Вигарано – Италија)

19. Ивона Кожобашиовска (Мерцеде Алгхеро – Италија)

20. Албина Пљакај (МЗТ Скопје Аеродром)

21. Стефани Костова (ЦД Промете – Шпанија)

22. Теона Поп Стојанова (Нео Баскетбал – САД)

23. Снежана Серафимоска (Дукесне Дукс – САД)

24. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)