Лукаревска и Зекири поднесоа оставки, ЌЕ БИДАТ ДИРЕКТОРИ НА УЈП И ФЗОМ

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лукаревска и Зекири поднесоа оставки, ЌЕ БИДАТ ДИРЕКТОРИ НА УЈП И ФЗОМ

Пратениците Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ и Бајрам Кадрија од ДУИ поднесоа оставки во Собранието, објави ТВ 24.

- Оставките доаѓаат бидејќи тројцата ќе бидат именувани на директорски позиции. Како што објави веќе ТВ 24, Зеќири преминува во Фондот за здравство, Лукаревска во УЈП, додека, пак, Кадрија во АЕК.

На денешната собраниска седница, освен нивните оставки ќе биде констатирана и оставката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, по што ќе се случи верификација на новите мандати на пратениците коишто се следни на листите.

Фото: ТВ24

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата