ЗАСТРАШУВАЧКИ ВЕСТИ ОД ХРВАТСКА

27.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАСТРАШУВАЧКИ ВЕСТИ ОД ХРВАТСКА

Број на заразени е се поголем ширум земјата.

Во Хрватска денес регистрирани се над 1.400 заразени со коронавурус.

Спрема исти, неофицијални податоци, бројот на заразени во Загреб се преполовил, иако вкупниот број на заразени ширум земјата е зголемен.

Во Загреб во последните 24 часа регистрирани се 211 нови случаи на коронавирус, што е половина во однос на еден ден порано.

“Бројот на новозаразени денес ќе биде многу помал од вчера и практично е преполовен“, рекол Звонимир Шостар, директор на Наставниот Завод за јавно здравство “Андрија Штампар“ во Загреб.

Спрема некои прогнози, доколку бројот на новозаразени со корона биде над 2.000 или 3.000 на дневно ниво, здравствениот систем во Хрватска ќе дојде до својот оптимум, изјавил денес новинар на РТЛ Борис Мишевиќ.

Како што навел, предходните три дена во Хрватска забележани се рекордни бројки на новозаразени, кои растеле три дена по ред, но вчера тој број е 824, и сега се чека да се види што ќе биде во текот на оваа недела.

Училиштата во Хрватска функционираат и нема наредба да се помине на онлајн настава, а Мишевиќ вели дека мерките во Хрватска во спореба со Словенија се либерални и не се ограничува животот и бизнисот, но доста се остри мерките кога е во прашање носење заштитна маска на сите места, како и собирањето кое е на намалено максимум на 50 луѓе во јавен простор.

“Пвеќето од луѓето ги почитуваат мерките. Сватиле дека животот и бизнисот мора да продолжи. Владата нема нови 50 милијарди куни да финансира тотален или парцијалн локдаум. Се апелира на луѓето да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките“, рекол Мишевиќ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата