ВАКА БЕРЛУСКОНИ ГО ЖЕНИ СИНОТ, а еве зошто самиот не беше присутен на свадбата (ФОТО)

26.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАКА БЕРЛУСКОНИ ГО ЖЕНИ СИНОТ, а еве зошто самиот не беше присутен на свадбата (ФОТО)

Помладиот син на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Луиџи Берлускони (32), се ожени со својата долгогодишна девојка Федерика Фумагали во Милано. Венчавката се одржа според мерките за заштита од коронавирусот.

Венчавката се одржа на почетокот на овој месец, а сега се појавија слики од свадбената церемонија во италијанскиот град, кои го покажуваат врвниот моден стил на гостите.

На фотографиите пред црквата во Милано не се гледа таткото на младоженецот Силвио Берлускони (84), кој во септември објави дека е позитивен на ковид-19. Пред венчавката ги чекаше резултатите од вториот тест ковид (претходниот беше негативен), па го пропушти црковниот брак.

Но, опцијата Берлускони да се појави на свечена вечера во градот Макерио била отворена на денот на венчавката.

Младоженецот исто така бил врзан за кревет минатиот месец, како и неговите сестри Марина и Барбара поради коронавирусот.

Силвио Берлускони го доби синот Луиџи со неговата поранешна сопруга Вроника Ларио (64) со која ги има и ќерките Барбара и Елеонора. Од бракот со Карла Елвира Лусија Дал Ољо (80), тој ги има ќерката Марина и синот Пјер. Сега е оженет со Марта Фастин (30).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата