Епидемија со страшни ра змери: Оборен ЦРН РЕКОРД, повеќе од половина милион Италијани заразени

24.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Епидемија со страшни ра змери: Оборен ЦРН РЕКОРД, повеќе од половина милион Италијани заразени

Во Италија вкупно заразени повеќе од 500.000 лица

Во Италија во последните 24 часа потврдени се рекордни 19. 644 случаи на корона вирус, така што од почеток на пандемија во таа земја заразени се вкупно 504.509 лица.

Во еден ден починале 151 лице, а досега вкупниот број изнесува 37.210.

Премиерот Ѓупезе Конте рекол дека сака да одбегне повторно воведување на целосно затворање на земјата кое допринело за намалено ширење на епидемија пролетоска, пренесува Ројтерс

Во неколку региони вовеле полициски час во тек на ноќта, а се очекува владата наскоро да донесе нови мерки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата