Веспрем ги објави имињата на ракометари кои се позитивни на Ковид-19. Добра вест е што меѓу нив не е македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, па тој ќе биде на располагање на селекторот, Данило Брестовац за квалификациските дуели против Финска и Швајцарија за ЕП 2022 година.

Мате Лекаи, Блаж Благотиншек и Кентин Мае се ракометарите кои имаат коронавирус, тројцата немаат симптоми и се добра здрваствена состојба.

Веспрем од утре се враќа на тренинзи, во понеделник ќе мора да направи нов тест за да може да го одигра дуелот против Кил во Лигата на шампионите следната недела.