Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски и неговиот тим Гравелин-Данкерк го претрпеа и четвртиот сезонски пораз во француската елита. Денеска во меч од 5. коло пред своја публика, Гравелин-Данкерк беше високо и убедливо поразен од Дижон со 67:81.

Нашиот кошаркар одигра 19 минути за својот тим и средбата ја заврши со 7 постигнати поени (2/3 за два, 0/3 за три и 3/3 слободни фрлања). Гравелин-Данкерк со овој пораз останува прикован кон дното на табелата со само една победа.